Опис на обуката

Програмата Негувателка на деца e насочена и овозможува работно оспособување на негувателките за професионално работење во рамките на системот за згрижување и нега на деца. Основна цел на програмата е учесниците да се стекнат со поголеми стручни знаења, вештини и компетенции за извршување на задачи и активности во областа на згрижување и нега на деца.  Програмата трае 4 месеци, односно 480 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и практична обука која се реализира во установи кои работат во системот на згрижување и нега на деца. Програмата е конципирана во согласност со развој на научни дисциплини од област на детска психологија и ран детски развој, како и во согласност со вештини, компетенции и знаења кои се бараат од профилот на занимање - Згрижувач на деца во домашни услови и детски градинка. Програмата е усогласена со Програмата за ран детски развој која што се применува во градинките во Република Македонија како и со слични програми коишто се реализираат во земји членки на Европска Унија.

Верификувана од Министерство за образование и наука

Практичен дел од обуката и практична работа во државни градинки

Можност за ангажирање и вработување по завршување на обука

Модули

 

Програмата опфаќа 6 задолжителни модули:

  • Ран детски развој и детска психологија

  • Грижа и нега на новороденче

  • Исхрана и здравје кај децата

  • Заштита на здравјето и безбедност на деца

  • Згрижување на деца во детски градинки и  

  • Професионален развој и учење.

Сите модули се дизајнирани како стручно-апликативни. Сите модули се задолжителни и успешно завршување на секој модул е задолжително за да учесникот се стекне со сертификат за завршена програма. Теоретски содржини на секој модул ќе се изведуваат во училница или кабинет. Практичната обука ќе се изведува преку вежби, активности и практична работа во установите кои работат во системот за згрижување и нега на деца - детски градинки, центри за ран детски развој и други установи за згрижување и нега на деца предвидени со Закон за заштита на деца.  Практичната обука ќе се изведува во различни возрасни групи со цел учесниците да се стекнат со различни вештини и знаења согласно на раст и развој на децата како и поради зголемена ефикасност при реализација на планираните активности.

Практична обука се изведува во Детски Градинки на територија на Општина Центар.

По завршувањето на обуката учесникот ќе биде оспособен и ќе се стекне со знаења, вештини да:

 

  • ја користи Методологија и алатки применливи во ран детски развој;  

  • ја планира, подготвува и организира работата, самостојно и во тим;

  • ги интегрира грижата за психичкиот, емоционалниот, интелектуалниот и социјалниот развој на детето во секојдневните активности;

  • комуницира ефективно и ефикасно со родителите/ старателите и соработниците;

  • ги организира и поврзува активности кои ги поттикнуваат развојот на детето;

  • ја применува балансирана и здрава исхрана согласно возраст на детето;

  • ја познава и применува одржување на хигиена на децата;

  • ги познава и применува методи и принципи на прва помош и итни состојби кај децата;

  • ја познава и применува Методологија за згрижување и нега на деца во детски градинки,

  • ги организира активностите за грижа, нега и воспитување на децата (игри, рекреација, забава);

  • ги надгледува училишните обврски и други активности според упатства на родителите/старателите и претпоставените;

  • ги применува правила и принципи за заштита на работно место;

  • ги познава и извршува административни работи поврзани со работа;

  • ја познава законска рамка за згрижување и нега на деца во Република Македонија;

  • го организира и управува згрижување и нега на деца како физичко лице регистрирано за ова дејност.

Побарајте не  на:

+ 389 2 3126 135

+ 389 72 697 481

Аминта Трети 58,

1000 Скопје

  • Facebook Social Icon

© 2017 by MACEDONIAN NANNY ASSOCIATION, Skopje, Macedonia.